Достапни линкови

logo-print

Косово во очекување на визна либерализација


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека „прашање на часови е кога Косово ќе ја добие веста за слободно движење на граѓаните“.

„Само прашање на часови е кога Косово ќе добие визна либерализација. Процесот на либерализаиција на визите повеќе не брои недели или денови, туку сега се бројат само часови“, нагласи Тачи.

Тој додал дека тоа е добра вест и една нова историја за Косово. „Визната либерализаиција на нашите граѓани беше непотребно доцнење, но е придобивка за сите граѓани на Косово“, истакна Тачи.

Процесот за визна либерализаиција Косово го почна во почетокот на 2012 година и е едниствена држава од Југоисточна Европа која има визен режим. Според косовските медиуми, Европската комисија утре треба да донесе одлука за визна либерализаиција за Косово, за Грузија, за Турција и за Украина.

XS
SM
MD
LG