Достапни линкови

Кери: критични часови за запирање на крвопролевањето во Алепо


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери почна дипломатски притисок во Женева со цел запирање на насилството во сириската провинција Алепо. Тој пристигна во Женева на разговори со посредникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура. „Ова се критични часови. Бараме соработка од Русија и одговор од сирискиот режим“, рече Кери. Претходно Москва соопшти дека нема да побара од сирискиот претседател Башар ал Асад да ги запре бомбардирањата во Алепо прецизирајќи дека тие имале за цел џихадистички групи во регионот. Борбите во градот Алепо кој е под контрола на бунтовничките сили и кој се наоѓа на 360 километри северно од главниот град Дамаск, продолжуваат.

XS
SM
MD
LG