Достапни линкови

ИД ќе биде предизвик уште долго време


Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека екстремистичката организација Исламска држава е феномен што ќе претставува предизвик долго време. Тој по повод пет годишнината од убиството на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен изјави дека мора да биде отстранет и лидерот на ИД Абу Бакир ал Багдади. „Ќе ја уништиме Исламската држава, немам некакво сомневање во врска со тоа. И мораме да го отстраниме раководството што и налага на таа организација да врши страшни напади“, рече Бренан, додавајќи: „Знаеме дека ИД се обидува да изврши напади во Европа и во други делови на светот“.

XS
SM
MD
LG