Достапни линкови

Режим на смиреност и во Алепо


Русија денеска соопшти дека во тек се преговори за вклучување на провинцијата Алепо во привремениот „режим на смиреност“ во Сирија. Сириската армија го најави „режимот на смиреност“ на 29 април во провинцијата Летакија и во предградијата на Дамаск. Најголемиот град во Сирија, Алепо, не беше опфатен со планот и тешките борби продолжија во и околу градот. Сириската армија денеска соопшти дека смиреноста околу Дамаск продолжува уште 24 часа, но не го спомена Алепо.

XS
SM
MD
LG