Достапни линкови

logo-print

Еден препиен за празниците


Илустрација

Илустрација

На Клиниката за токсикологија денеска е примен 35-годишен маж со алкохолно труење, додека останатите пациенти кои побарале помош се со заболувања кои ги опфаќаат другите интернистички ургентни состојби. Ова попладнево го изјави доктор Жанина Переска од Клиниката за токсикологија, која изрази надеж дека поголемиот дел од граѓаните ќе ги почитуваат препораките во врска со внес на храна и консумација на алкохол за празничните денови, кои и порано им ги давале посебно на оние лица кои постеле 40 дена.

„За нив претставува многу голем стрес наглото преоптоварување со мрсна храна. Сето тоа може да ја влоши нивната состојба или да предизвика појава на симптоми од желудникот, влошување кај сите пациенти кои страдаат со воспаление на жолчката или камчиња на жолчката, па се до состојби, како што се акутен панкреатит кој може да претставува една витално загрозувачка состојба“, додаде Переска.

XS
SM
MD
LG