Достапни линкови

Десетици загинати во бомбашки напади во Ирак


Најмалку 32 луѓе загинаа, а повеќе од 70 се повредени во две експлозии на автомобили-бомби во градот Самава во јужен Ирак, соопштија тамошните власти. Одговорноста за експлозиите ја презеде Исламската држава. Првата експлозија се случила во близина на владина зграда, а другата, 5 минути подоцна, во близина на автобуска станица во центарот на градот, на 400 метри од првата бомба. Исламската држава контролира делови од сунитските области на северот и на западот на земјата, но нападите во претежно шиитските јужни провинции се ретки.

XS
SM
MD
LG