Достапни линкови

logo-print

Провладин првомајски собир во Москва


Десетици илјади луѓе денеска маршираа на Црвениот плоштад во Москва на работничкиот собир по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај. На митингот, што го организира владејачката партија Обединета Русија, насобраните носеа балони и руски знамиња. Тие скандираа слогани кои се однесуваат на платите и работните места за младите професионалци, но немаше критики за претседателот Владимир Путин.

Левичарскиот организации одржаа посебни собири.

Првомајски протести се одржуваат во градовите ширум светот.

XS
SM
MD
LG