Достапни линкови

Рохани задоволен од победата на реформистите на изборите


Иранскиот претседател Хасан Рохани изрази задоволство од успехот на умерено реформистичкиот блок во вториот круг од парламентарните избори. Зборувајќи на церемонијата по повод Меѓународниот ден на трудот, Рохани денеска им честиташе на гласачите за „избирањето на најдобриот“ на изборите на 29 април. Првиот круг од изборите се одржа во февруари. Реформистичките и умерени политичари, кои му се сојузници на Рохани, освоија 42 отсто од местата во парламентот, но немаат мнозинство. Во парламентот влегоа 133 реформисти и 125 конзервативци. Останатите пратенички места се кај независни пратеници и малцинства. Рекорден број од 17 жени, речиси сите реформистки, влегоа во 290-члениот парламент. Во досегашниот состав имаше само девет жени. Иранскиот парламент нема директна контрола врз важните политички прашања, но може да го поддржи Рохани во зајакнувањето на економијата.

XS
SM
MD
LG