Достапни линкови

Јапонскиот премиер ќе ја посети Русија


Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе ја посети Русија следната недела и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти руската влада. Според Кремљ, јапонскиот премиер и рускиот претседател ќе разговараат за трговската соработка, други економски прашања, како и „релевантни меѓународни прашања“. Јапонија ги следеше САД и ЕУ за воведување економски санкции кон Русија по присилната анексија на Крим и заради нејзината улога во кризата во источна Украина. Средбата меѓу Путин и Абе доаѓа на две недели по средбата меѓу министрите за надворешни работи на Јапонија и Русија.

XS
SM
MD
LG