Достапни линкови

logo-print

Ирак - да се уапсат демонстрантите кои влегоа во Зелената зона


Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади нареди да се уапсат демонстрантите кои вчера влегле во Зелената зона во Багдад при што нападнале пратеници, безбедносни сили и оштетиле државен имот. Нападот се случи откако пратениците одбија да гласаат за реконструкција на владата. Протестите беа организирани од поддржувачите на влијателниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр. Дел од демонстрантите вчера го окупирале парламентот и околината на седиштето на владата. Денеска демонстрантите почнале да го напуштаат парламентот и со другите да поставуваат шатори подготвувајќи се да кампуваат во близина на зградата.

XS
SM
MD
LG