Достапни линкови

Нов обид на Хан за лидерска средба


Еврокомесарот Јоханес Хан, испратил писмо до лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, јави Алсат-М. Телевизијата се повикува на дипломатски извори, според кои меѓународниот фактор инсистира на нова средба откако потфрли состанокот во Виена.
„Страните повторно да почнат дијалог и неопходно да најдат компромисно решение. Да се спроведат сите реформи, да се прочисти избирачкиот список заедно со реформите во медиумите. Изборите неопходно е да бидат сеопфатни…“, велат дека е содржината на писмото од Брисел испратено преку амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

XS
SM
MD
LG