Достапни линкови

Демонстрантите упаднаа во ирачкиот парламент


Неколку стотини демонстранти упаднаа во безбедната Зелена зона во Багдад, а некои од нив влегоа во зградата на Парламентот. Денешните протести беа организирани од поддржувачите на влијателниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр, откако пратениците одбија да гласаат за реконструкција на владата. Нема извештаи за насилство, иако ирачките сили се распоредени на обезбедување на амбасадите, владините згради и останатите чувствителни објекти во оваа област. Безбедносните сили не се обиделе да ги спречат демонстрантите да влезат во Парламентот. Владини извори одбија да ги потврдат информациите што беа објавени во медиумите дека премиерот Хајдар ал-Абади ја напуштил Зелената зона и е пренесен на непозната сигурна локација.

Поддржувачите на ал-Садр со недели протестираат Абади да ги спроведе ветените реформи, односно да постави технократи за министри. Сепак, дел од партиите се противат на промена на министрите кои беа поставени за да се одржи верскиот и етничкиот баланс.

XS
SM
MD
LG