Достапни линкови

Продолжува бомбардирањето на Алепо


Сириските владини сили продолжуваат со воздушните напади врз населбите во Алепо кои се под контрола на бунтовниците. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека најмалку пет луѓе загинале во 20 воздушни напади во најголемиот град во Сирија. Сепак, привременото примирје што сириската армија го прогласи синоќа се спроведува во провинцијата Латакија и во предградијата на Дамаск. Примирјето не важи за Алепо. Официјален Дамаск вели дека примирјето е обид да се спаси поширокиот прекин на огнот постигнат во февруари. Очевидци велат дека десетици цивили денеска побегнале од Алепо.

XS
SM
MD
LG