Достапни линкови

logo-print

Делумно отворање на терминалот на бриселскиот аеродром


Терминалот на аеродромот во Брисел утре ќе биде делумно отворен, скоро шест недели откако беше уништен во самоубиствен бомбашки напад, соопшти управата на аеродромот. На патниците им се советува да пристигнат три саати пред нивниот лет за да има време за зајакнатите безбедносни проверки. Полниот капацитет на работа аеродромот не може да го постигне пред јуни.

Двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во салата за заминување на аеродромот, додека една експлозија одекна во метро станица во главниот град на Белгија на 22 март. Во нападите, за кои одговорноста ја презеде Исламската држава, загинаа повеќе од 30 луѓе. Аеродромот беше затворен 12 дена по нападите по што постепено почна да работи.

XS
SM
MD
LG