Достапни линкови

logo-print

Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ


Непознати сторители ноќеска го оштетиле штабот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на улица „Востаничка“ во Скопје. Како што информираат од МВР, ноќеска околу 1:30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Востаничка“, во објект во кој бил штабот на политичка партија „ВМРО ДПМНЕ“, од страна на неколку непознати лица биле искршени стаклата од влезната врата и страничните стакла од двете страни на вратата. Се работи на целосно расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG