Достапни линкови

logo-print

Турската армија елиминирала речиси 900 припадници на ИД


Илустрација

Илустрација

Во воздушните и ракетните напади на турската армија од јануари убиени се речиси 900 припадници на Исламска држава, јави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на воени извори. Турција, која е членка на меѓународната коалиција предводена од САД за борба против ИД, од 9 јануари убила 492 терористи во воздушните напади, додека во ракетните напади елиминирала уште 370 џихадисти. Анкара и се придружи на меѓународната коалиција во нападите врз ИД во Сирија по нападот на бомбаш-самоубиец во јули минатата година во пограничниот град Суруџ, при што загинаа 34 луѓе. Во последно време во Турција имаше повеќе терористички напади за кои одговорни се џихадистите, меѓу кои и двата напада на бомбаши-самоубици во Истанбул.

XS
SM
MD
LG