Достапни линкови

Руско-американски воздушни тензии


Илустрација

Илустрација

Москва соопшти дека испратила борбен авион да пресретне американски авион кој се приближувал кон руската граница, затоа што американското летало го исклучило транспондерот за идентификација. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека „сите летови на руските авиони се спроведуваат во согласност со меѓународните прописи за користење на воздушниот простор“.

Соопштението доаѓа еден ден откако Пентагон изрази загриженост поради серијата инциденти во кои руски авиони доаѓаат „доволно блиску до други пловила во воздушниот и морскиот сообраќај за да предизвикаат сериозна загриженост за безбедноста“. Последниот инцидент се случил вчера кога руски воен авион пресретнал американски извидувачки авион во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море.

Си-Ен-Ен објави дека рускиот авион дошол на 30 метри до американскиот и изведувал маневри.

Портпаролот на Пентагон, Бил Урбан, рече дека „оваа небезбедна и непрофесионална воздушна интервенција имаше потенцијал да предизвика сериозна штета и повреди на сите вклучени екипажи“ и оти „непотребно ги засилува тензиите меѓу земјите“.

Во друг инцидент, што се случи претходно овој месец, руски авиони во низок лет го надлетаа американскиот воен брод Доналд Кук во Балтичкото Море.

XS
SM
MD
LG