Достапни линкови

logo-print

Турски авиони нападнаа цели на ПКК


Турски воени авиони нападнаа цели на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на земјата и во северен Ирак.

Дваесет авиони полетале од базата во Дијарбекир и бомабардирале цели во турскиот југоисточен округ Шарнак, како и локации на ПКК во северен Ирак.

Последните месеци турската армија често презема воздушни напади во тие региони.

XS
SM
MD
LG