Достапни линкови

logo-print

Во експлозија во Багдад најмалку 13 жртви


Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 35 се повредени во денешната силна експлозија на автомобил-бомба, во предградие на Багдад, соопшти полицијата. Експлозијата се случила во област каде шиитски верници одат пеш до светилиште на годишен помен.
Локалната полиција рече дека нападот е насочени кон шиитски верници, но други безбедносни претставници велат дека целта на нападот бил отворениот пазар во близина.
Засега никој не презеде одговорност за експлозијата.

XS
SM
MD
LG