Достапни линкови

logo-print

Западен Балкан на листата „безбедни земји“


Европскиот парламент почна процедура за создавање на заедничка европска листа на „безбедни“ земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави односно целиот регион на Западен Балкан и Турција.

Ако се усвои листата тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите-членки на Европска унија. ЕП со тоа се надева дека со листата ќе се намали притисокот од барателите на азил во земјите-членки на ЕУ.

Според податоци на ФРОНТЕКС, само минатата година и само од Косово во ЕУ пристигнале и побарале азил 24 илјади луѓе.

Комитетот за правда и граѓански слободи во ЕП ја покрена иницијативата за создавање нана „безбедни“ земји од Западен Балкан и Турција.

Иницијативата е во зачеток и се очекуваат полемики кој и како ги исполнува критериумите за да се најде на листата.

XS
SM
MD
LG