Достапни линкови

На изборите во Иран водат реформистите


Прелиминарните резултати од вториот круг од парламентарните избори во Иран покажуваат дека водат реформистите и умерените политичари, јавуваат денеска иранските медиуми. Во вториот круг се гласа за 68 слободни места од вкупно 290 во парламентот. Новинската агенција Фарс јавува дека според првичните резултати најмалку 33 места отишле во рацете на „Листата на надежта“, коалицијата на умерените сили во сојуз со претседател Хасан Рохани. Конзервативците добиле 21 место, додека преостанатите 14 места ги освоиле независни кандидати, јави новинската агенција. Официјалните резултати се очекуваат подоцна денеска. Со изборите, на кои 17 милиони луѓе имаат право на глас, ќе го одреди составот на Собранието, каде што ниту една партија во моментов нема мнозинство.

XS
SM
MD
LG