Достапни линкови

Г.Г. Стефан со велигденска порака за единство и мир


Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Г.Г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово - Велигден. Тој во велигденската порака повикува на единство и мир меѓу народот.

„Само со искрена вера и меѓусебна љубов, ќе можеме да одговориме на сите предизвици. Па да се молиме, Бог да ги запре недоразбирањата, немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние коишто страдаат, и насекаде и во секого да воскреснат и завладеат правдата и вистината“, стои меѓудругото во пораката.

XS
SM
MD
LG