Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и потопло


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.

Врнежи од дожд ќе има утре попладне кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер и се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

XS
SM
MD
LG