Достапни линкови

Во Србија повторно ќе се гласа на 15 избирачки места


Повторно гласање за новиот состав на српскиот Парламент ќе се одржи на 15 избирачки места и ќе биде одржано на 4 мај. На нив право на глас ќе имаат 19.631 граѓани, соопшти Републичката изборна комисија на Србија (РИК).

Повторно ќе се гласа на пет избирачки места во Ниш, на по две избирачки места во Белград, Јагодина, Врање и на по едно избирачко место во Бачка Топола, Сремски Карловац, Кладова и Ужица.

За повторното гласање ќе бидат испечатени нови 19.729 ливичиња.

Претходно РИК заврши со изјаснувањето за иборните резултати од гласањето на 99 спорни избирачки места, каде дошло до тешки грешки, а на 11 избирачки места резултатите се поништени и нема да влезат во конечните изборни резултати.

XS
SM
MD
LG