Достапни линкови

Офанзива на сириската војска против ИД во Рака


Рускиот амбасадор во ОН во Женева, Алексеј Бородавкин изјави дека сириската армија, поддржана од руските сили, започнала офанзива за повторно преземање на градовите Деиз Ез – Зор и Рака од милитантите на групата на Исламската држава.

Бородавкин денеска рече дека руските воздухопловни сили ја поддржуваат копнената кампања на сириските трупи на претседателот Башар ал – Асад.

Сириската армија на 27 март го презема градот Палмира од борците на ИД, по неколкунеделни жестоки борби и воздушни напади.

Со тоа силите на Асад ја пресекоа главната рута за снабдување на милитантите меѓу западна Сирија и градот Рака.

Во меѓувреме, сириските курски борци напредуваат јужно од градот Сададех, прекинувајќи ја рутата меѓу градовите Рака и Мосул во северен Ирак.

XS
SM
MD
LG