Достапни линкови

Турција се сомнева во ПКК за нападот во Бурса


Постојат сериозни докази дека групата која е одговорна за самоубиствениот бомбашки напад во Бурса е Курдската работничка партија (ПКК), изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала.

Тој истакна дека 15 лица се уапсени во различни делови на Турција во врска со бомбашкиот напад, кој е извршен во средата во градот Бурса.

Турските медиуми објавија дека напаѓачот е млада жена, која се саморазнела до џамијата Улу во центарот на градотр. Во нападот се повредени 20 лица, а напаѓачот загина.

Според првичните информации, таа била член на групата Исламска држава.

Полицијата вчера извршии операции во градовите Истанбул, Афион, мардин и Урфа, при што се приведени 15 осомничени лица.

Во Турција оваа година се извршени повеќе самоубиствени бомбашки напади, вклучувајќи два во Истанбул за кои е обвинета ИД и два во Анкара за кои одговорноста ја презедоа курдските екстремисти.

XS
SM
MD
LG