Достапни линкови

logo-print

Русија и Кина со остри критики за плановите САД


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, ги критикуваа сомнителните планови на САД за распоредување противракетен одбранбен систем на Корејскиот Полуостров, како одговор на нуклеарните закани на Северна Кореја на територијата на Јужна Кореја и на САД.

Ванг, говорејќи по денешната средба со Лавров во Пекинг, изјави дека софистицираниот одбранбен систем (ТХААД), директно ќе влијае врз стратешката безбедност на Кина и на Русија.

Ванг додаде дека противракетниот систем не би ги олеснил нуклеарните тензии во регионот.

Лавров го обвини Вашингтон дека нуклеарните тестови на Северна кореја ги користи како изговор за распоредување на глобална одбрана против балистички ракети.

Серијата севернокорејски нуклеарни проби и тестирања на балистички ракети во последните месеци, ја принудија Јужна Кореја да започне разговори со Вашингтон за распоредување на противракетен систем.

XS
SM
MD
LG