Достапни линкови

Десетици уапсени на протести во Париз


Француската полиција упаси 27 демонстранти, по пресметките со десетици маскирани млади лица во текот на ноќта на Плоштадот на Републиката во центарот на Париз, пренесува Ројтерс.

Неколку одделнои протести се одржаа против промените на законот за работни односи, кои беа проследени со насилство.

Во раните утрински часови полицијата растера група од околу 150 млади луѓе, кои не престануваа да протестираат на големиот плоштад, каде целиот изминат месец беше окупиран од демонстранти кои мирно протестираа.

Евакуацијата следеше по судирите меѓу полицијата и младите демонстранти, кои палеа коли и фрлаа коцки бетон кои ги корнеа од улиците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

24 лица се ставени во притвор. „Тоа се луѓе кои главно доаѓаат за тепачки’, изјави портпаролот на Минстерството.

Судирите во текот на ноќта следеа по попладневните маршови, во кои исто така беа уапсени десетици луѓе.

Луѓето протестираат против законот кој предвидува вработувањето и отпуштањето да бидат полесни, во земјата каде заштитата на трудот е неприкосновена и каде невработеноста е под 10 проценти.

Полицијата објави дека уапсила 124 лица во текот на вчерашниот ден, а 24 полициајци биле повредени.

XS
SM
MD
LG