Достапни линкови

Пожар на руска нуклеарна подморница


Руското Министерство за одбрана соопшти дека се запалила деактивирана нуклеарна подморница од советската ера, на рускиот далечен исток.

Министерството денеска информираше за пожарот, велејќи дека подморницата Краснојарск Проект 949 била расклопувана во Виличинск, на територијата на Камчатка, кога се запалил надворешниот дел.

Властите информираа не се забележани промени на нивото на радијацијата во Виличинск.

Подморницата била изградена во 1983 година, како дел од Пацифичката флота на Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG