Достапни линкови

logo-print

Уапсени активисти во Казахстан


Полицијата во Алмати денеска уапси десетина казахстански активисти, вклучително познати новинари и бранители на човекови права.

Властите ги уапсија активистите додека се подготвуваа да одржат прес – конференција и да повикаат на јавна средба за одлуката на Владата да приватизира големи површини државно земјоделско земјишете.

Вчера полицијата во казахстанскиот северен град Актау, растера десетици локални жители кои протестираа во центарот на градот против владиниот план за одржување на аукција за приватно земјиште на приватни сопственици, почнувајќи на 1 јули.

Од 24 април илјадници луѓе протестираа против приватизацијата во градовите Атирау, Актобе и Семеи, поради гласините дека на странци ќе им биде дозволено да купат земјиште.

Властите велат дека на странците ќе им биде дозволено само да изнајмат земјиште.

XS
SM
MD
LG