Достапни линкови

Осуден американски државјанин во Северна Кореја


Северна Кореја денеска осуди американски државјанин на 10 години затвор со принудна работа, откако беше прогласен за виновен за обвиненија за шпионажа и субверзија. Тој е втор американски граѓанин кој е затворен во Северна Кореја во 2016 година.

Ким Донг Чул беше уапсен во октомври во градот Расон.

Во март кога се одржуваше парада пред државните медиуми во Пјонгјанг, Ким изјави дека соработувал и шпионирал за разузнавачките служби за Јужна Кореја, во заговор за соборување на раководството на Северна Кореја.

Ким исто така рече дека се обидел да прошири религија меѓу жителите н С. Кореја, што е кривично дело во земјата.

Казната на Ким доаѓа откако американскиот студент Ото Вармбиер беше осуден на 15 години затворска казна за антидржавни активности, при неговата туристичка посета на Северна Кореја во 2016 година.

XS
SM
MD
LG