Достапни линкови

Чешка испрати полицијаци во Грција


Чешка денеска испрати свои полициски службеници во Грција, кои ќе помагаат за надминување на миграциската криза. Вкупно 29 чешки полицајци ќе учествуваат во враќањето бегалци, кои не добиле азил во ЕУ, од грчкиот остров Лезбос во Турција.

„Полицајците ќе останат еден месец на островот Лезбос“, изјави директорот на чешката полиција Томаш Тухи, додавајќи дека мисијата може да биде продолжена по барање на Атина.

Тој истакна дека полицајците нема да носат униформи и оружје, туку ќе имаат само солзавец и метални алки (лисици).

XS
SM
MD
LG