Достапни линкови

logo-print

Русија ќе преземе мерки ако Шведска влезе во НАТО


шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Москва ќе ја почитува евентуалната одлука на Шведска за приклучување во НАТО, но ќе преземе мерки како одговор на военото приближување на Алијансата до руските граници, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој во интервју за весникот „Дагенс најхетер“ објасни дека мерките се неопходно со оглед на тоа што НАТО е воено политичка организација која гледа на Русија како на закана. Според него, иако во НАТО и Шведска расте таканаречената „русофобија“, Москва никогаш не размислувала да преземе некакви воени активности.

XS
SM
MD
LG