Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 18 степени. Во Скопје слично време, претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до околу седум, а дневната ќе достигне до 17 степени.

XS
SM
MD
LG