Достапни линкови

Помал број демонстранти се собраа на протестот пред СЈО


Мал број демонстранти се собрани пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и во моментов не се знае на која локација ќе го продолжат протестот.

И на социјалните мрежи беше најавено дека не е планиран голем протест за денес, но дека ќе излезат луѓе пред СЈО, за да го искажат револтот и гневот кон режимот и кон селективната правда со продолжените притвори на како што велат нивните соборци.

15-ти ден граѓаните протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.

XS
SM
MD
LG