Достапни линкови

logo-print

Воена делегација на Словачка во посета на јужната граница


Делегацијата на вооружените сили на Словачка предводена од генерал Милан Максим, денеска по средбата со македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов беше во посета на јужната граница на Република Македонија.

Во реонот на караулата „Богородица“полициските сили на Словачката Република кои се ангажирани на јужната граница, се запозна со севкупната ситуација на јужната граница поврзана со бегалската криза, а воедно им беа презентирани активностите кои ги спроведува АРМ, соопшти канцеларијата ГШ на АРМ.

„Армиската делегација на Словачка со особен интерес ги проследија презентираните мерки кои АРМ ефективно ги спроведува при спречување на нелегално минување на државната граница, согласно доделените задачи за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница, а чии ефекти се видливи и за државите од Европската унија“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG