Достапни линкови

Апелација го врати „Змиско око 2“ на повторно судење


Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 доставил пресуда, со која по втор пат ја укина пресудата на Кривичниот суд од 16.01.2015 година за предметот „Змиско око 2“, и го врати на повторно судење во Основниот суд.

„Постапувајќи по жалбите поднесени од 53 обвинети изјавени лично или преку нивните бранители, како и жалба поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда, второстепениот суд ги уважил жалбите на обвинетите и делумно ја уважил жалбата на обвинителството“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Апелацискиот суд постапувајќи по жалбите утврдил дека во првостепената пресуда нецелосно е утврдена фактичката сосотојба односно дека обжалената пресуда во осудителниот и ослободителниот дел од став I, точка 1 и став III содржат недостатоци, поради кои неможе во целост да се провери нејзината правилност, а изреката на пресудата е недоволно јасна.

Поради тоа Апелацискот суд ги уважил жалбите и предметот го врати на повторно судење со напатствија да се отстрани недостатоците.

XS
SM
MD
LG