Достапни линкови

Заштитен механизам на ЕУ за безвизниот режим на Турција


Според предлогот кој го подготвуаат Франција и Германија, трендовите на миграција и потенцијалот на бегалската криза бараат постоење на ефикасен механизам кој што може да ја суспендира визната либерализација за Турција.

Во преговорите за остварување на планот ЕУ инсистира дека нема да дозволи нарушување на европските правила при визната либерализација без разлика на потребата од решавање на бегалската криза.

Турција мора да исполни 72 европски правила пред да ја добие ветената визна либерализација.

Заштитниот механизам кој што сега го предлагаат Париз и Берлин се должи на стравот дека Турција нема да може да ги исполни барањата на ЕУ.

Можноста за суспендирање на визната либерализација за Турција допрва треба да биде разгледувана во Европскиот парламент каде што треба да се усвои целиот пакет со Турција.

XS
SM
MD
LG