Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Загрижувачко ниво на насилство во источна Украина


Мониторинг мисијата на ОБСЕ во источна Украина денеска соопшти дека бројот на прекршувања на договорот за прекин на огнот, меѓу украинските владини сили и про-руските сепаратисти, е на највисоко ниво во последните неколку месеци.

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Ертугрул Апакан изјави дека за време на изминатите неколку недели „вооруженото насилство во источна Украина повторно достигна загрижувачко ниво.“

Од организацијата наведуваат дека основвно е завојуваните страни да го почитуваат прекиниот на огнот постигнат во Минск на 15 февруари 2015 година.

XS
SM
MD
LG