Достапни линкови

logo-print

Грузија уапси петмина за продавање ураниум


Илустрација.

Илустрација.

Државната служба за безбедност на Грузија соопшти дека полицијата во областа Аџарија уапсила пет луѓе за обвиненија за обид да продадат 1.6 килограми радиоактивен ураниум – 238 и ураниум – 235 за три милиони долари.

Во денешното соопштение, службата за безбедност наведува дека на петмината им би одреден притвор пред судење.

Пред десет дена, грузиската служба за безбедност уапси тројца Грузијци и тројца Ерменци, кои наводно се обидувале да продадат радиоактивен ураниум – 238 за 200 милиони долари.

Многу нуклеарни експери стравуваат дека високо радиоактивните материјали можат да бидат употребени за правње на таканаречена „валкана бомба“.

XS
SM
MD
LG