Достапни линкови

Најмалку 20 загинати во воздушни напади во Сирија


Француската група за помош „Лекари без граници“, денеска соопшти дека најмалку 14 пациенти и шест медицински лица се меѓу загинатите во воздушните напади, во кои беше погодена болница во делот на градот Алепо, кој е под контрола на бунтовниците.

Организацијата помага во болницата Ал-Кудос, која беше директво погодена и уништена.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека најмалку 20 луѓе се убиени во болницата, вклучително три деца и последниот педијатар кој работел во областа.

Од 22 април бројот на загинати цивили се искачи на најмалку 133 во борбите во Алепо меѓу сириските сили и бунтовниците.

Опсерваторијата посочува дека 84 цивили биле убиени при владините воздушни напади, а 49 при гранатирањето на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG