Достапни линкови

ПССЕ бара спроведување на Договорот од Пржино


Сите политички сили од Македонија да покажат одговорност кон изборите и да го спроведат договорот од Пржино, наведува во соопштение Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која во изминатите два дена во Скопје правеше проценка за предизборната атмосфера за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Делегацијата ги повикува сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој како што оценува, нуди пат за да ја извлече земјата од кризата и системски решенија на долгорочен план.

ППСЕ повикува да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да се покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општеството, во интерес на граѓаните, а за доброто на стабилноста на земјата.

Делегацијата потсетува дека предвремените избори беа свикани во рамки на спроведувањето на Договорот од Пржино за кој посредуваше ЕУ со цел да се стави крај на политичката криза.

XS
SM
MD
LG