Достапни линкови

Неколку повредени во самоубиствен напад во Турција


Најмалку осум луѓе биле ранети во напад на бомбаш самоубиец во турскиот град Бурса, соопштија официјални претставници. Од кабинетот на гувернерот на ова популарно туристичко место на северозападот на Турција велат дека нападот најверојатно го извела жена. Во Турција од почетокот на годинава досега беа изведени повеќе напади за кои одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава или курдските бунтовници. Нападот во Бурса, четвртиот најголем град во Турција, јужно од Истанбул дојде по предупредувањето на Вашингтон американските граѓани да бидат претпазливи во Турција.

XS
SM
MD
LG