Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите од Собрание се упатија по улиците на Скопје


Macedonia - Skopje 4/27/2016 - Protest in Skopje.

Macedonia - Skopje 4/27/2016 - Protest in Skopje.

Граѓаните откако пристигнаа пред Собранието на Македонија, каде се одржуваа и говори на активисти, професори, политичари, уметници, се упатија по улиците во Скопје. Пред Собранието тие положија цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската република Никола Карев, по повод 111 годишнината од неговата смртт.

„Доста беше молк“ извикуваа илјадниците демонстрантите пред Собранието.“Колку повеќе апсите и се заканувате толку сме посилни“ му порачаа граѓаните на заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Демонстрантите со себе носат транспаренти на кои пишува „Грујо отчет пред судот“.

Кога поминуваа пред канцеларијата на претседателот Ѓорѓи Иванов тие извикуваа "Оставка".

Тие веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници

Движењето Протестирам најави дека протестите денеска продолжуваат во рекорден број градови – девет, ширум Македонија. Освен во Скопје, за вечерва најавени се протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.

XS
SM
MD
LG