Достапни линкови

Демонстрантите се собраа пред СЈО


Демонстрантите традиционано протестот го започнаа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство каде со себе носат транспаренти на кои пишува „Грујо отчет пред судот“. Граѓаните веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.

Движењето Протестирам најави дека протестите денеска продолжуваат во рекорден број градови – девет, ширум Македонија. Освен во Скопје, за вечерва најавени се протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.

-Македонија е на нозе, се гледаме на улиците! – порачаа од граѓанската платформа „Протестирам”.

XS
SM
MD
LG