Достапни линкови

Истрели во скопски Капиштец, полицијата пронајде мртво лице


Полицијата влегла во станот на лицето за кое се верува дека испукало чети куршуми во населбата Капиштец и го пронашла мртво со прострелна рана во градите.

Попладнево во стан во скопската населба „Капиштец“ се слушале пукотници во близина на АМСМ, а истрели завршиле во комбе на улицаита. Се уште нема информации дали во комбето било пукано намерно.

Во моментов во станот се инспектори на МВР и јавен обвинител, каде се очекува да биде издаден налог за утопсја и да се утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.

Се претпоставува дека лицето е сопственик на информативен веб – портал. Повеќе детали Министерството за внатрешни работи најави за утре.

XS
SM
MD
LG