Достапни линкови

Груевски: Избори на 5 јуни за крај на кризата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, каде како што соопштија од партијата, Груевски го афирмирал својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата.

„Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е тие да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Тој подвлече дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен крај на кризата и оти тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес.

Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакнал дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG