Достапни линкови

Протести во Казахстан против приватизација


Илустрација.

Илустрација.

Стотици луѓе денеска протестираа во казахстанскиот северозападен град Актоб и во североисточниот град Семеј, против владината одлука да приватизира државно земјиште преку аукции кои треба да почнат на 1 јули.

Демонстрантите велат дека земјата не треба да биде приватизирана или изнајмувана на странци. Локалните власти и полицијата беа присутни на протестите, но се уште не е јасно дали протестите се одобрени од властите.

Денешните протести следеа, откако најмалку 1000 жители на градот Атирау протестираа против владиниот план.

Вчера казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го бранеше планот за приватизација на државно земјиште, инсистирајќи дека нема да им биде дозволено на странци да купат земја, туку само ќе можат да ја изнајмуваат.

XS
SM
MD
LG