Достапни линкови

Нуланд: Реформите се враќаат во Украина


Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, за време на денешната посета на Киев изјави дека е охрабрена од знаците на посветеноста на реформите на новата украинска влада.

Зборувајќи на крајот на нејзината прва посета на Киев, откако овој месец беше назначен за премиер проевропскиот политичар Володомир Хројсман, Нуланд рече дека се враќа во Вашингтон со оптимизам дека реформите се враќаат во Украина.

Таа рече дека забележала посветеност кај сите политички сили во Украина да продолжат со забрзувањето со реформите.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Киев треба да се справи со корупцијата и да спроведе економски реформи со цел да го добие потребниот финансиски пакет од 17.5 милијади долари.

XS
SM
MD
LG