Достапни линкови

Очајничките задолжувања ќе донесат повисоки камати


Задолжувањата се зголемуваат, а поради можните затегнувања од странство овие задолжувања многу ќе ги зголемат каматните стапки и тоа може да има подолгорочни последици, вели професор Сашо Арсов.

И по најавите од меѓународните финансиски институции дека ќе ги прекинат кредитирањата до завршувањето на изборите, Владата и натаму се задолжува. Со новите 1,2 милиони евра, дел од економистите сметаат дека Владата ќе ги покрива тековните трошоци, иако се уште нема никакво објаснување за која намена се средствата од новите задолжувања. Тие тоа го темелат на фактот што втора недела по ред се запишуваат нови долгови и покрај тоа што не доспеваат државни хартии од вредност за враќање.

И сега наместо да пријдеме кон штедење очигледно дека државата има потреба да ги покрива тековните трошоци со вакви задолжувања што укажува дека не одиме во добар правец од причина што тој долг се акумулира, се зголемува.

Професор Сашо Арсов вели дека јавноста е сведок оти Владата врши тековно задолжување во повеќе наврати во последно време, а истовремено нема раздолжувања и оценува дека тоа е доказ за она што подолго време го зборуваат економистите, а тоа е дека буџетот е во лоша финансиска состојба односно дека државата ги проектира трошоците на повисоко ниво отколку што може да оствари приходи.

„Тоа се мултиплицира сега со намалената стопанска активност за која генерално се зборува во јавноста, иако официјалниот БДП тоа се уште не го покажува. Тоа значи помали приливи на приходи во државата. И сега наместо да пријдеме кон штедење очигледно дека државата има потреба да ги покрива тековните трошоци со вакви задолжувања што укажува дека не одиме во добар правец од причина што тој долг се акумулира, се зголемува.“

Иако задолжувањето од 1,2 милиони евра изгледа малку, ден по ден тоа се мултиплицира, вели професор Арсовски, предупредувајќи дека во контекст на можните затегнувања од странство овие задолжувања многу ќе ги зголемат каматните стапки и оти тоа може да има подолгорочни последици.

„Се додека повеќе се задолжувате, а ви се скратуваат изворите на задолжување тоа ќе ја зголемува каматата. Наједноставно кажано - поочајнички барате пари, ќе имате повисока камата.“

Вкупниот јавен долг заклучно со крајот на 2015 година, изнесува 46,5 отсто од БДП или 4,2 милијарди евра.

Професор Зоран Ивановски нагласува дека е потребно да се контролира задолжувањето, зошто бргу се доближуваме до максимумот кој е дозволен, а тоа е 60 отсто од БДП. Ивановски дополни дека останува под знак прашалник колкава ќе биде финансиската одржливост на подолг рок.

„Имајќи предвид дека има и проблеми во однос на анализа на сите податоци поврзани со долгот на државата. Тука пред сè сметам на долгот на општините и јавните претпријатија кои не се така транспарентни. Значи останува под голем знак прашалник колкава ќе биде финансиската одржливост на Македонија на подолг рок“, вели професор Ивановски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG